Од сега па натаму, охриѓани немора да патуваат до престолнината доколку сакаат да посетуваат обуки од ваков тип. Првата, промотивна Гешталт работилница во Охрид се одржа деновиве во организација на Аспекти- Центар за креативен развој, обука и психолошко советување,  Синтеза Гешталт од Скопје, кој е акредитиран од EAGT (European Association for Gestalt Therapy).

Станува збор за креативни искуствени работилници за личен раст и развој, проширување на свесност за себе и за сопствениот живот, решавање проблеми со кои младите и возрасните се соочуваат во секојдневното живеење.


-Предавањата се наменети за едукација на професионалци од хуманистички ориентирани дејности, но и за сите граѓани кои ја согледале потребата да одвојат време за своја душа, исто како што тоа го прават за своите тела посетувајќи фитнес центри.-истакнува презентерот од центарот, клинички психолог-психотерапевт Снежана Андреева.

Се практикува работа во мали групи составени од 10-15 учесници а претстојниот период е идеален за вакви културно-едукативни активности, велат организаторите на Гешталт работилницата.

OhridNews