Во просториите на ОУ “Св. Климент Охридски” беше одржана Првата средба на уметници кои работаат во образовни и просветни установи во општина Охрид. На средбата присуствуваа околу 15-тина уметници од различни области.

На првата средба се претставија Милован Србиноски, психолог вработен во ОУ “Св. Климент Охридски”,  Ѓоко Чинго- наставник во ОУ Живко Чинго во Велгошти, поетесата Благородна Јованоска – професор по македонски јазик во охридската гимназија.

Како што најавуваат уметниците ваквите средби редовно ќе се одржуваат и на нив ќе се разменуваат искуства и ќе се презентираат дела поврзани со нивната втората пасија по професијата со која се бават, а тоа е уметноста.

OhridNews