26 јануари е „Светски ден за едукација за заштита на животната средина“. Животната средина не спојува сите нас и делиме еден заеднички дом – планетата Земја. Едукацијата за зачувување на животната средина и климатските промени се од голема важност, особено за децата од школска возраст, велат од НП „Галичица“.
Денешната работилница со наслов „Направи промена за здрава животна средина“ заедно со Црвен крст Охрид беше реализирана со цел што повеќе да се осознае за тоа што е животна средина, како треба да се грижиме за истата, што се климатски промени и кои се причините и последиците од климатските промени, додаваат.

OhridNews












