Работилница на тема „Препознавање и справување со семејно насилство“ беше одржана во организација на Женски центар „Бисера“ од Охрид и Локалната агенција за развој од Струга, а во рамките на проектот „Зајакнување на отпорноста на постарите лица и лицата со попреченост за време на КОВИД-19 и идни катастрофи“.

Работилницата ја водеше Ирина Трајаноска. Проектот е координиран од Црвениот крст на Република Северна Македонија и Црвениот крст на Србија и поддржан од Европската Унија, Австриската агенција за развој и Австрискиот Црвен крст.

OhridNews