Билатералниот Секретаријат за Охридското езеро ги продолжи подготовките за имплементација на Дримскиот проект кој е одобрен од страна на Глобалниот Еколошки Фонд во Вашингтон . По инаугурацијата на проектот, во Тирана минатиот месец , денеска, во Охрид се одржа работна средба на македонискиот преставник во Секретаријатот Дејан Пановски и преставниците на Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ) и програмскиот директор Херман Плум. На работната средба беше утврдена динамиката и планот за остварување на комуникациската стратегија , кампањата и учеството на интересентите во имплементацијата на Дримскиот басен.

– Првата цел е запознавањето на јавноста со вредностите и значењето на Дримскиот Басен пред се од еколошки и енергетски аспект. Дримскиот басен е прилична непозната и тоа мора да се отвори и за поширока јавност и за натамошна експертиза. Од тоа ќе зависат многу идни одлуки кои ќе се рефлектираат и врз Охридското Езеро и  врз водените биланси. Полека доаѓа време на големи одлуки околу управувањето со водените ресурси и мора да бидеме сите подготвени за да ги заштитиме истите,пред се, вели  Дејан Пановски од Билатералниот Секретаријат.

При работната посета на делегацјата од ГИЗ остварени се средби и со невладиниот сектор на кои се разгледани можностите за вклучување на граѓаните во кампањите ,но и во процесот на носење на одлуките.

– Најважно е да креираме подигнување на јавната свест и влијание преку заеднички активности ,една порака и креација на Ден за Дрим кој од 2014  би се прославувал заеднички како врска меѓу сите држави кои го споделуваат. Затоа со Билатералниот Секретаријат  и во невладиниот сектор ќе ги подготвиме овие активности, истакна Херман Плум.

Предвдено е активностите  да се одвиваат од во наредните месеци од сите страни од Дримскиот Басен.

OhridNews