Во организација на Општинскиот Совет за безбедност во сообраќајот, викендов се одржа натпревар во рамки на воспитно образовната манифестација „Детски семафор“,  на кој зедоа учество екипи од основните училишта од општина Охрид, составени од по шест натпреварувачи.
Натпреварот се состоеше од два дела: теоретски, преку тестирање кое се одржа во просториите на ОУ „Христо Узунов“ и практичен дел кој се одржа на ул. „Кеј Маршал Тито“.

По завршување на практичниот дел за прв пат на оваа манифестација за натпреварувачите во содејство со општинската организација на Црвен крст, се изведе показна вежба за укажување помош на лице повредено во сообраќајна несреќа (возач на велосипед).

Екипно најдобри резултати постигнаа: учесниците од  ОУ „Кочо Рацин“ кои го освоија првото место , второ место ОУ „Григор Прличев“ и трето место ОУ „Живко Чинго“ с. Велгошти.

Поединечно најдобри резултати постигнаа: во женска конкуренција првото место го освои Марија Јолеска од ОУ „Кочо Рацин“  која за освоеното место како награда доби велосипед, второ место и припадна на Каролина Ѓореска од ОУ „Кочо Рацин“ која беше наградена со таблет и третото место и припадна на Јана Петреска од ОУ „Григор Прличев“ која за награда доби фотоапарат.
 
Во машка конкуренција првото место го освои Бојан Илиоски од ОУ „Кочо Рацин“, кој беше награден со велосипед, второ место освои Наум Шибакоски од ОУ „Живко Чинго“ , кој беше награден со таблет и трето место освои Мартин Силјаноски од ОУ „Кочо Рацин“ и беше награден со фотоапарат.

OhridNews