Во просториите на Општина Охрид, во организација на Локален Совет за превенција на Општина Охрид и во соработка со Хоризон Цивитас, денес се одржа предавање на тема „Организирани против криминалот“.

Предавањето има за задача да го разработи актуелното прашање на организираниот криминал и неговото влијание врз младите во Република Македонија.

Целта на предавањето е да се влијае на подигањето на свеста кај родителите/наставниците, но и директно кај младите генерации, бидејќи неискуството и незнаењето, како и неможноста да се справат со погрешните влијанија кои ги добиваат преку социјалните мрежи, младите често стануваат лесна мета на криминалните организации, информират во соопштението до Општина Охрид.

Предавањето беше организирано за професорите, стручните служби и советот на родители, додека за учениците вакво предавање ќе се одржи во септември.

OhridNews