– За да се задоволи и законската определба за утврдување на износот на оваа давачка, а и домашниот буџет на граѓаните дополнително да не се оптоварува, наш став е нејзиниот износ да не биде повеќе од 200 денари годишно. При тоа, да не се плаќа преку доставување сметки до граѓаните, туку да се најде можност да се надомести по пат на одредени интервенции преку општинскиот буџет, вели координаторот на советничката група на ВМРО- ДПМНЕ, Дејан Пановски.
На дневен ред на 29- та седница која вчера беше прекината, меѓу другото, требаше да се расправа за давањето согласност на одлуката за изменување на надоместокот на услугите кои ги врши ЈП Градски гробишта. Првичниот предлог даден од страна на советниците и ЈП Градски гробишта беше висината на оваа давачка да е 100 денари месечно, односно 1. 200 годишно.
Најновиот предлог е таа да изнесува 60 денари месечно, односно 720 годишно.
Конечната одлука сепак останува да ја донесат советниците, кои се очекува по ова прашање да расправаат на продолжението на 29- та седница на советот.