ОДВ Електрик како општествено-одговорна компанија денес донираше 10 персонални компјутери за потребите на учениците во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“.

Со оваа донација им се овозможува на учениците да имаат современи технички ресурси, кои директно ќе влијааат врз подобрување на нивните знаења, вештини и можности. Поддршката што ни ја дава ОДВ Електрик  претставува, исто така, значаен придонес за унапредување на нашата работа и создавање подобри услови за учење и развој на учениците, велат од училиштето.

Посочуваат дека хуманоста и општествената одговорност се пример што инспирира.

ОДВ Електрик и претходно има донирано опрема согласно потребите на училиштето во насока на подобрување на образовниот процес, а истите се резултат и на повеќегодишната соработка со училиштето во делот на дуалното образование.

OhridNews