На ден 13.01.2022 година овластени лица од ЈУНП „Галичица“ во соработка со О.С.Л. при Шумската полиција во Охрид во село Рамне затекле патничко моторно возило „лада нива“ товарено со нежигирано огревно дрво.

Бесправно посеченото огревно дрво заедно со возилото биле одземени со потврда за привремено одземени предмети, а против сторителот ќе биде поднесена соодветна пријава до Основниот суд Охрид.

Соработката помеѓу ЈУНП „Галичица“ и Шумската полиција П.С Охрид околу заштита од бесправни сечи ќе продолжи и во иднина со засилено темпо, а се со цел да се спречи уништување на шумите на подрачјето на паркот и пошироко, информираат од Шумската полиција.

OhridNews