Полициски службеници од СВР Охрид во содејство со претставници на шумската полиција и инспектори по шумарство, вчера, на подрачјето на планината Караорман, презедоа мерки со цел спречување на бесправна сеча на дрва.

Во акцијата во атарот на селото Присовјани забележана е бесправно пресечена дрвна букова маса која е одземена.

Од СВР Охрид најави дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

OhridNews