Одземени бесправно исечени дабови дрва од страна на Шумската полиција од Охрид.

Синоќа во 21 часот во атар на село Песочан Шумската полиција од Охрид при контрола одзеде автоприколка товарена со 1.1m3 дабови огревно дрво кое било нежигирано и бесправно исечено, информираат од Шумската полиција.

Додаваат дека следува соодветна пријава пред Основен суд Охрид.

OhridNews