Најголемиот дел од пронајдените пиротехнички средства или 6. 750 парчина, се петарди од најразличен вид, а нешто помал е бројот на светлечки пиротехнички ракети со должина од 60 и 100 цм. Од одземените пиротехнички средства, околу 800 парчина се лансери со можност за инсталирање на различен број ракети.
Петардите и другите пиротехнички средства се пронајдени при претрес, а по претходно добиена наредба од Истражен Судија, во деловниот магацински простор на правното лице „Алби„ сопственост на Д.Т.(36) од Струга.
По целосно документирање на случајот, против сопственикот на деловниот објект, ќе биде поднесена соодветна пријава.