Во рамките на акциската контрола на Државниот инспекторат, при Министерството за транспорт и врски во соработка со Министерството за внатрешни работи, согласно Законот за превоз во патниот сообраќај, се одземени седум комби-возила на превозници кои не ги почитувале законските обврски.

Инспекциската контрола била спроведена денес претпладне, долж патниот правец Струга – Охрид.

– Согласно Законот за превоз во патниот сообраќај предвидена е глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност за лица кои вршат јавен превоз без соодветни дозволи и без лиценца. Освен предвидената глоба, предвидено е времено одземање на возилото што било користено за превоз на период од шест месеци до една година, потенцираат од министерството за транспорт и врски.

Акциската инспекциска контрола во патниот превоз континуирано се одвива во сите градови во Република Македонија со цел воведување на ред во превозот во патниот сообраќај и доследно почитување на законските прописи.

OhridNews