На 04.02.2026 во 20:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул. „АСНОМ“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „фолксваген амарок“, со охридски регистарски ознаки, управувано од 24-годишно лице од Охрид, патничко возило „ланчија“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 37-годишно лице од Охрид и патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 35-годишно лице од Охрид.

По преземени мерки, констатирано е дека 24-годишното лице го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му се 0,71 промили алкохол во крвта, а има и три забрани за управување со моторно возило за „Б“ категорија. Исто така, и 37-годишното лице има една забрана за управување со моторно возило за „Б“ категорија. Известен е јавен обвинител, по чии насоки им се одземени возилата на двете лица и по документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од КЗ „безобѕирно управување со возило“, информираат од СВР Охрид.

OhridNews