Предавање на тема „Препознавање и справување со семејно насилство“ беше одржано во  просториите на здружение на глуви и наглуви Охрид.

Предавањето го организира Женски Центар ,, Бисера” од Охрид и Локалната агенција за развој од Струга, во рамките на проектот „Зајакнување на отпорноста на постарите лица и лицата со попреченост за време на КОВИД-19 и идни катастрофи“. Предавањето го водеше Ирина Трајаноска.

Проектот е координиран од Црвениот крст на Република Северна Македонија и Црвениот крст на Србија и поддржан од Европската Унија, Австриската агенција за развој и Австрискиот Црвен крст.

OhridNews