
Како што истакна професор Јованоска, вистинско задоволство е да се работи со средношколците, пред се поради нивната голема желба и посветеност во подготвувањето на претставата.
– И покрај бројните секојдневни обврски, учениците максимално се вложија со цел да подготвиме интересна и современа претстава која се надеваме дека ќе остави одличен впечаток кај публиката во Кочани бидејќи се работи за меѓународен натпревар, изјави професорката Хаџи Јованоска.
Од ОЕМУЦ стигна и информација дека на државниот натпревар по Англиски јазик за ученици од II година од државни и приватни средни училишта во Р.Македонија кој се одржа на почетокот од мај во просториите на универзитетот „Американ Колеџ“ во Скопје, ученикот Филип Голабоски под менторство на професор Борка Секулоска Вретоска го освои десеттото место.
Натпреварот се одржа во организација на ЕАТАМ – Асоцијација на професори по англиски јазик во Р. Македонија.












