Со пригодна свеченост во просториите на училиштето, ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ беше одбележан 50-годишниот јубилеј на училиштето.

Директорот на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, Јане Цаноски, во своето обраќање до присутните гости, изрази голема благодарност до колективот на училиштето, но и до сите оние кои дале свој придонес од основањето до денес. Во име на општина Охрид, присутните ги поздрави заменик градоначалникот, Ангел Јанев, кој им го честита јубилејот и им посака училиштето да постигнува уште поголеми успеси.

Во рамки на свеченоста беа доделени благодарници на пензионираните професори и на учениците кои постигнале успех на одржани републички, државни и меѓународни натпревари.

Манифестацијата беше збогатена со културно уметничка програма и хуманитарен базар каде беа изложени ракотворби изработени од учениците во училиштето.

OhridNews