Политичката криза во земјата ги загружува сите и неопходно е да се изнајде излезно решение, порача амбасадорката на Франција во Македонија, Лоранс Оер.
„Политичката криза во Македонија нé загрижува сите, особено мене затоа што доаѓам од Франција, една од државите основачи на Европската унија. Штета е што на 9-ти мај, кога треба да ја славиме Европа, сме во ситуација кога сме загрижени за Република Македонија и си го поставуваме прашањето како ќе се излезе од кризата. Се прашуваме како на 5-ти јуни би имало избори кога сé уште не се усогогласени условите меѓу политичките партии, листите не се подготвени, и навистина мора да се излезе од оваа криза“, рече амабсадорка Оер одговарајќи на новинарски прашања.
OhridNews
извор Макфакс