Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) и јапонските власти, заедно на вондреден состанок одредија нов термин за Олимписките игри. Најголемиот спортски настан ќе се одржи од 23 јули до 8 август следната 2021 година.

Олимписките игри во Токио на програмата беа годинава но пандемијата со коронавирусот не дозволи нормален развој на настаните во спортот по што следеше одложување.

Убеден сум дека со Јапонија заедно ќе се покажеме како добри домаќини и ќе го надминеме овој предизвик. Состојбата моментално е далеку од добра. Сигурен сум дека Олимпијадата ќе биде светло на крајот од тунелот. – изјави првиот човек ИОК, Томас Бах.

Спортистите со обезбедена норма си го задржуваат правото на учество додека во следниот период ќе бидат одредени квалификациите за сите 33 спортови.

OhridNews