Охридските ракометари официјално ќе бидат дел од 48-то издание на Меѓународниот ракометен турнир во Струга, откако клупската управа заедно со стручниот штаб ја прифатија поканата од организаторите. Турнирот во Струга кој се игра на отворено на теренот „Горан Попоски-Бабец“ ќе се одржи од 12 до 16 август.

Турнирот во Струга го вметнавме во нашите подготовки и планови. Ќе имаме можност да играме натпревари со најквалитетни екипи од нашата земја. Ние како клуб сме почестени од поканата која без расмислување ја прифативме. – изјавија од клубот.

Поради ситуацијата со коронавирусот во нашата земја и воопшто во светот турнирот оваа година ќе се игра без публика, со строги мерки и протоколи. На турнирот ќе учествуваат само екипи од Македонија.

Охрид втор пат ќе учествува на турнирот во Струга. „Гладијаторите“ во дебитанското издание во 2017 година финишираа на четвртата позиција.

OhridNews