Со добивање на лиценца за провајдер на социјални услуги, во рамките на Црвен крст Охрид официјално со работа започна Нега центарот кој нуди помош и нега на стари лица и лица со попреченост во домот.

Нега центарот нуди можност на нашите постари граѓани да живеат независно онаму каде што се чувствуваат најудобно – во своите домови, а воедно е и единствен провајдер на услуги за помош и нега на стари лица и лица со попреченост во домот на територија на Општина Охрид, информираат од Црвен крст.

Основната цел на Нега центарот, велат, е да го подобри и одржува здравјето на корисникот во неговото семејно опкружување

Располагаме со професионални и сертифицирани негуватели кои нудат домашна помош и домашна нега, пред сè за постарите граѓани, но и за сите граѓани кои имаат потреба од ваков вид поддршка, додаваат од Црвен крст Охрид.

OhridNews