Зоран Стевоски член на советодавното тело на СДСМ, утре претпладне ќе ја официјализира кандидатурата за независен советник.

Тој ќе ја предводи независната листа на советници, а во законско предвидениот рок треба да ги обезбеди потребните 350 потписи за учество на претстојните локални избори. Најавената, е трета независна листа за советници во Охрид по тие на Кујтим Усеини и Љупчо Настоски, кои се и актуелни членови на советот на општина Охрид.

Законската можност за поднесување на кандидатури за кандидати за градоначалник и за поднесување на предлог листите на кандидати за избор на членови во општинскиот совет, започна на 26- ти јануари со отворањето на избирачкиот список на увид, а завршува на 9- ти февруари на полноќ.

OhridNews