Портпаролот на Кривичниот суд, истражниот судија Владимир Туфегџиќ, вели дека за два-три дена, откако ќе ги анализираат извештаите ќе излезат со поконкретни информации. Тогаш се очекуваат и првите официјални информации за тоа како загина Младенов.
Сообраќајката се случи на 26-ти март вечерта на патот Велес – Скопје, на клучката кај Хиподром, пред главниот град. Потрагата по телото на Младенов започна во средата во 9.30 часот откако неговата сопруга пријавила дека го нема. Возилото „Мерцедес“ беше извлечен дури во средата вечерта околу 20 часот, а телото на Младенов беше предадено во судска медицина за обдукција.
Според првичните информации, автомобилот ја пробил банкината на патот и излетал во ендек, но сé уште не се познати точните причини за сообраќајката.
Makfaks