Според официјалните податоци на Државната изборна комисија, во општина Охрид во првиот круг од претседателските избори гласале вкупно 30.727 граѓани, односно на гласање излегле 60 отсто од гласачите .
Од нив 17.270, односно 56,20% гласале за кандидатот за претседател од Коалцијата За подобра Македонија, Ѓорѓе Иванов. 11.322 односно 36,85% граѓани својот глас го дале за кандидатот на коалцијата предводена од СДСМ, Стево Пендаровски, за Иљаз Халими гласале 359, односно 1,17% и за Зоран Поповски 726, односно 2,36% од гласачите.
Во општина Дебрца гласале вкупно 2985 лица, и забележана е излезност од 65,27%. За кандидатот за претседател Ѓорѓе Иванов гласале 1479 односно 49,55% од гласачите, за Стево Пендаровски 1385 односно 46,40%, за Иљаз Халими 31, односно 1,04% и за кандидатот за претседател на ГРОМ , Зоран Поповски гласале 29, односно 0,97% .
Во општина Струга забележана е излезност на гласачите од 26,04%, односно на гласање излегле вкупно 15.113 граѓани. За Ѓорѓе Иванов гласале 7534, за Стево Пендаровски 5770, за Иљаз Халими 1264 и за Зоран Поповски 205 .
На ниво на Македонија, според податоците од ДИК, гласале вкупно 48,87% од гласачите , односно 868.797. Свјот глас за Ѓорѓе Иванов го дале 448.776, односно 51,65%, за Стево Пендаровски гласале 326.090 односно 37,53%, за Иљаз Халими 38.965 односно 4,48% и за Зоран Поповски 31.363 односно 3,61% од гласачите.
OhridNews