Лидерот на табелата во Општинска фудбалска лига, Славеј ќе биде на испит во Лакоречеј во втората рунда од новата сезона.

Исто така интересен натпревар се очекува во Косел, каде ќе сретнат екипите на Вулкан и Рудар. Тимот на „Св. Петар“ ќе ги одмери силите со Вапила.

Втората рунда в недела во 12 часот ќе ја отворат екипите на Дебрца и Лешани.

Недела: Дебрца – Лешани (12ч), Св. Петар – Вапила (15ч), Лакочереј – Славеј, Вулкан – Рудар.

Табела: Славеј 3, Рудар 3, Дебрца 3, Вулкан 1, Лакочереј 1, Вапила 0, Св. Петар 0, Лешани 0.

OhridNews