Екипата на Лакочереј прокнижи нови три бодови на табелата во Општинска фудбалска лига победувајќи ја Воска со 3-0 на Грашница.


„Зелените“ до триумфот во последната рунда од есенската полусезона стигнаа со головите на Ангеловски, Јосифовски и Матески.


Со трите бодови Лакочереј изби на втората позиција, но Сатеска и Дебрца имаат по натпревар помалку.

Деветтата рунда ќе се комплетира со натпреварите Сатеска – Вулкан, Дебрца – Охрид, Вапила – Рудар, Злести – Св. Петар.

Мх.П.