Шампионската судбина охридските бели во Општинската фудбалска лига ја имаат во свои раце пречекувајќи го составот на Дебрца во последното коло од првенството.


Во пресрет на „еден два“ дербито Охрид има два бодови предност од Дебрца која мора да победи против лидерот за освојување на врвот.

Сигурно, мотив повеќе за избраниците на Митко Стојаноски ќе биде поразот 6-3 од есенската полусезона кој е единствен неуспех на Охрид сезонава.

Двојки: Лакочереј – Охрид, Вулкан – Сатеска, Охрид – Дебрца, Рудар – Вапила, Св. Петар – Злести.

Табела: Охрид 44 бодoви, Дебрца 42, Сатеска 39, Лакочереј 31, Воска 21, Вулкан 15, Вапила 15 Св. Петар 12, Злести 9, Рудар 7.

OhridNews