Фудбалерите на Охрид со позитива од четири бодови од второпласираната Дебрца и пет пред третопласираната Сатеска на табелата ќе влезат во финалните две рунди во Општинската фудбалска лига.
Охридските бели во 16-та рунда лесно на домашен терен се справија со Вапила победувајќи ја со 4-2, а исто такви лесни три бодови освои и тимот на Дебрца кој со 4-0 го совлада составот на Св. Петар.
Лакочереј и Сатеска ги поделија бодовите во дербито на 16.коло ремизирајќи 2-2.
Токму, Сатеска и Дебрца се следните ривали на лидерот на табелата во одлучувачките мечеви за шампионската титулата во Општинска фудбалска лига.
Резултати: Охрид – Вапила 4-2, Злести – Воска 3-1, Лакочереј – Сатеска 2-2, Рудар – Вулкан 2-3, Св. Петар – Дебрца 0-4.
Табела: Охрид 43 бодoви, Дебрца 39, Сатеска 38, Лакочереј 31, Воска 18, Вулкан 15, Св. Петар 12, Вапила 12, Злести 9, Рудар 4.
OhridNews