Екипите на Дебрца, Вапила, Лакочереј и Вулкан прокнижија нови три бодови на табелата победувајќи ги Лешани, Св. Петар, Злести односно Рудар.
Најубедлива победа во новата рунда забележа Лакочереј кој славеше со 7-1, со еден постигнат гол помалку на победа се радуваше Вапила против Св. Петар (6-1).
Дебрца со 5-1 го совлада тимот на Лешани додека најинтересен меч одиграа Вулкан – Рудар кој заврши 4-3.
Мечот меѓу Славеј и Воска се одложи.
OhridNews