Без победник 2-2 заврши натпреварот меѓу Воска и Сатеска одигран на „Грашница“ во четвртата рунда од Општинската фудбалска лига.
Гостите поведоа со 1-0 во 5-та минута преку Никола Секулоски, домаќините го израмнија и свртија резултатот во своја полза благодарание на двата маестрални погодоци на Оџа Едмонд од слободен удар.
Ремито и бодот за Сатеска на гостувањето на „Грашница“ го обезбеди Даниел Митрески пет минути пред последниот судиски свиреж.
Со ремито пред своите гледачи Воска го освои четвртиот бод сезонава и ја запре победничката серија од три натпревари на Сатеска во Општинска лига.
Мх.П.













