Со одигрувањето на последната рунда завршија возбудувањата во регуларниот дел од сезоната во Општинската фудбалска лига.
На коло од крајот на сезоната познати беа патниците во баражот, но сепак двата мечеви колку што се одиграа понудија 11 голови и интересни моменти.
Во бараж натпреварите кои ќе се одиграат на „Атина Бојаџи“ ќе се сретнат Лакочереј – Рудар односно Дебрца – Воска.
Победниците од полуфиналните натпревари, ќе се сретнат во финалето, а подобриот ќе обезбеди влез во Третата лига и ќе им се придружи на Охрид и Сатеска.
Резултати: Рудар – Дебрца 3-3, Вулкан – Славеј 3-2, Св. Петар – Лакочереј 0-3, Лешани – Воска 0-3.
Бараж:
Лакочереј – Рудар
Дебрца – Воска
OhridNews