Сите заинтересирани невработени лица од денеска до 30 април можат да аплицираат за финансиска подршка за самовработување преку отворање мал бизнис во износ од 200 илјади денари.
Како што информира денеска на прес-конференција заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов средствата во износ од 85 милиони денари се наменети за 420 грантови за самовработување.
Јавниот повик што е објавен денеска е втора фаза од оваа мерка. Во првата фаза објавена на почетокот на годинава, чија реализација е при крај, беа озбезбедени средства за вкупно 500 грантови за формирање мали бизниси.
За годинава, појасни Спасов, за реализација на оваа мерка се обезбедени вкупно средства во висина од 207 милиони денари за финансиска поддршка на 920 мали бизниси.
– Апелирам сите невработени кои имаат идеја за основање мал бизнис да ја искористат можноста и овие неповратни финансиски средства од 200 илјади денари за основање компанија, рече Спасов
Директорот на Агенцијата за вработување на Република Мкаедонија Влатко Поповски информира дека одредени граѓани кои ќе учествуваат на оваа мерка и ќе се јават на овој оглас ќе добијат дополнителни 2.000 евра неповратни средства доколку нивните бизниси бидат прогласени за иновативни односно за економско и финансиски одржливи бизниси.
Слободанка Алексовка, директор на Центарот за вработување во Скопје, соопшти дека нема да се доделуваат грантови за основање бизниси од земјоделска дејност односно дејност од секторот АА одел 1 растително и животинско производство, лов и услужни дејности поврзани со нив, од трговија на големо и дистрибуција, трговија и дистрибуција на оружје, финансиски и осигурителни бизниси и активности кои вклучуваат игри на среќа. бизнии од областа на транспортот такси превозот, и бизниси повразни со недвижности и конуслтантски услуги. сите други дејности се предмет на грантот.
OhridNews