ЈП „Градски Гробишта“ објави оглас за усно наддавање за издавање под закуп на времени објекти- две тезги за продажба на свеќи на влезот на градските гробишта.
Почетната цена за тезгите изнесува 4.500 денари месечно, во цената не е вклучен ДДВ. За учество на јавното наддавање заинтересираните странки треба да платат неповратен депозит во висина од 15.000 денари за секоја тезга поединечно, при што за избраниот субјект износот ќе биде засметан во постигнатата цена, а додека на останатите субјекти ќе им се врати во рок од 30 дена од денот на јавнотот надавање. Краен рок за уплата на депозитот е 2 дена пред јавното надавање.
На јавното надавање можат да учествуваат правни и физички лица регистрирани за дејноста за која што се наменети времените објекти – тезгите. Времените објекти – тезгите ќе се издаваат на краткотраен закуп за времетраење од 1 година.
Критериум за избор на најповолна понуда е највисоко понудена цена на јавното усно надавање за закуп на времени објекти – тезги. Минимална вредност со која може да се лицитира изнесува 1.000 денари. Доколку два или повеќе наддавачи понудат иста цена изборот на најповолен закупувач ќе се изврши со ждрепка.
Понудите може да се достават најдоцна 20.12.2013 до 12.00 часот, а Јавното надавање ќе се изврши истиот ден во 12.30 часот во административните простории на ЈП Градски Гробишта.
OhridNews