Фудбалерот на грчкиот клуб АЕК, Огнен Врањеш се разведе од својата сопруга Даниела како последица од скандалот кој изби помеѓу фудбалерот и поп ѕвездата од Србија, Јелена Карлеуша.

Огнен и Даниела ќе останат во добри односи поради ќерката која ја имаат од осумгодишниот брак. Даниела барање за развод поднесла веднаш после скандалот помеѓу Огнен и Јелена. Српските медиуми секојдневно информираа за врската на фудбалерот и пејачката иако двајцата никогаш не признаа.

  • Вистина е дека се разведовме со Даниела. Ставивме точка на нашиот брак. Мојата поранешна сопруга има барем малце достоинство за разлика од други кои ми беа блиски во мојот живот. Имаме преубаво дете и ќе направиме се да останеме во добри односи. – изјави фудбалерот.

Врањеш после откривањето на скандалот го загуби местото во Андерлехт и статусот репрезентативец во селекцијата на Босна и Херцеговина.

OhridNews