Пожар избувнал синоќа пред влезот во манастирот „Св. Ѓорѓија“ во тетовската приградска населба Голема Речица.

Огнот го забележале локалните жители кои го пријавиле случајот во тетовската противпожарна единица, а дел од нив учествувале во гаснење на огнот.

Според првичните информации пожарот зафатил дел од старите греди и дограма на влезот во манастирот.

Овој манастор беше целосно опожарен за време на воениот конфликт во 2001 година, а во 2010 година започна неговата обнова.

OhridNews