На 06./07- ти мај во Струга на ул. „ЈНА“ во берберница каде е сместен банкомат на „Стопанска Банка“ непознат сторител со употреба на погоден предмет ја отворил влезната врата од берберницата, а потоа го отворил банкоматот од каде одзел три касети со пари во апоени од 500 и 1.000 денари.

На местото на настанот е извршен увид, а материјалната штета дополнително ќе биде утврдена. Се преземаат мерки за откривање на сторителот.

OhridNews