Во текот на ноќта бил обиен и ограбен угостителскиот објект „Панорама“ што се наоѓа во близина на Електро-машинскиот училишен центар „Св.Наум Охридски“. Како што неофицијално дознаваме, украден бил сефот и дел од опремата во објектот.
Засега не е познато како сторителите успеале да влезат и кога точно е извршена кражбата во овој познат угостителски објект кој се наоѓа во фреквентен дел од градот.
Во тек е увид од страна на надлежните екипи. Полицијата работи на расветлување на случајот.
OhridNews












