Маскирано и вооружено лице, синоќа околу 21.45 часот, упаднало во аптеката на Зегин лоцирана во Горна Влашка Маала и со закана побарало од вработените да му ги предадат парите од прометот.

Тие панично се разбегале и се засолниле во другите простории, а кога излегле од нив забележале дека напаѓачот го зел дневниот промет, како и дека на излезот од аптеката го чекало возило со бела боја и скопски регистарски таблици со кое се оддалечил од  местото.

МВР попладнево соопшти дека од аптеката се одземени 60.000 денари.

За настанот веднаш е известена полицијата која извршила увид во присуство на јавен обвинител. Се преземаат мерки за целосно расветлување на случајот.

OhridNews