Ноќеска, околу 2 часот и 40 минути, во Струга кај месноста викана „Мороишки мост“, непознат сторител маскиран и вооружен со огнено оружје-пиштол, извршил разбојништво над вработен во бензинска пумпа.

Откако го извадил пиштолот и го репетирал, разбојникот му ги побарал парите на вработениот кој во тој момент ја фрлил ташната со дневниот промет во која имало околу 27.000 денари. Сторителот ја одзел ташната и го напуштил местото.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

OhridNews