Околу три часот по полноќ, две непознати маскирани и вооружени лица, извршиле разбојништво во бензинска пумпа во Струга.
Лицата влегле во бензинската пумпа и со закана до вработените одзеле околу 54.000 денари, информираат од министерството за внатрешни работи.
Полицијата трага по сторителите.












