Непознати разбојници, вооружени со огнено оружје ноќеска ограбиле бензинска пумпа која се наоѓа на магистралниот пат Струга-Ќафасан.
Според полицијата разбојниците упаднале во бензинската пумпа околу 02 часот, а откако му се заканиле на вработениот, присилно му одзеле 35.000 денари од дневниот промет.
Полициската станица од Струга извршила увид на лице место и ги превзема сите мерки за пронаоѓање на сторителите.











