Во куќата на Вилма Трајковска, сопруга на загинатиот претседател Борис Трајковски, деновиве крадец успеал да украде поголемо количество скап накит.

Според Министерството за внатрешни работи, кражбата била пријавена во неделата. Во периодот околу пладне на улицата „Салвадор Аљенде“, крадецот влегол и украл златен накит, и тоа: обетки повеќе пара со разни големини украсени со украсни камења, поголема количина на прстени (женски) две бурми, четири синџирчиња со тенка плетка и еден синџир со дебела плетка, поголемо количество на разни видови приврзоци.

Според пријавата била украдена и бижутерија и тоа синџирчиња, приврзоци, брошови, обетки од „Сваровски“, колекција на охридски бисери, рачни часовници, 100 британски фунти и еден лаптоп компјутер марка „Дел“.

Крадецот влегол од источната страна на дворот скокајќи преку жица и дошол до двокрилната врата којашто насилно ја откорнал средишната преклопна летва, по што отворил и оштетил едно крило. Така влегол внатре и во куќата меѓу првиот и вториот кат каде ги откорнал таванските сензорски светилки и ја исклучил струјата во куќата.

По внатрешните скали крадецот се качил на првиот кат, влегол во спалната соба каде испретурил се во плакарот и комодата од каде го одзел златниот накит и бижутеријата, а потоа  влегол во поткровјето од каде го одзел лап топ компјутерот. Потоа побегнал.

Штетата сé уште се утврдува и се трага по крадецот.

OhridNews
Извор: Макфакс