Синоќа, околу 21 часот, две маскирани и вооружени лица извршиле кривично дело разбојништво во спортската обложувалница „ Бет Поинт“  во населбата„ Христо Узунов“.

Тие влегле во обложувалницата пред самото нејзино затворање, при што со закана со оружје од вработената побарале да им ги даде парите од дневниот промет и касата, која не успеале да ја отворат.

Се работи на утврдување на точниот износ пари кои се украдени од обложувалницата, но првичните сознанија говорат дека не станува збор за поголема сума пари.

СВР Охрид презема активности за откривање на сторителите и расчистување на случајот. 

OhridNews