Во периодот помеѓу 23 и 27.08.2009 година во с.Долна Белица-Струга, непознати сторители извршиле тешка кражба во црквата „Св.Богородица“, при што одзеле: два сребрени крста со постоље, еден појас од „Св.Богородица“ долг околу 1м и околу петнаесет до дваесет икони од разни светци, со разни димензии.

Тешката кражба е извршена на тој начин што непознатиот сторител/и со погоден алат (најверојатно топокршач) го скршиле цилиндерот од влезната врата од црквата, влегле внатре, ги одзеле вредните предмети и се упатиле во непознат правец, соопшти СВР Охрид.

Увид на лице место извршила увидна екипа од ПС-Струга. Материјалната штета дополнително ќе биде утврдена, а полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите.

Ohridnews