Непознати сторители вечерва насилно упаднале во златарница во охридската чаршија во самиот нејзин центар и одзеле помала количина златен накит и други предмети од злато.

Од СВР Охрид ја потврдија кражбата и информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.

За кус период ова е втора кражба во златарница, а трета голема кражба што се случува во Охрид. Неодамна, исто така непознати сторители од златарница кај Чинарот одзедоа златни премети во вредност од околу 100.000 евра, а два дена подоцна беше нападнат и ограбен сопственик на менувачница, од кој беа одземени 120.000 евра.

OhridNews