Маскиран крадец вчеравечер околу 21 часот ограбил жена во станбениот комплекс во населбата „Христо Узунов“ во Охрид.  

Според информациите од жители од населбата дознаваме дека жената пред грабежот била да пазарува, а крадецот ја пресретнал во преминот помеѓу две згради, кога таа се враќала кон својот дом. Рабојникот и пришол од зад грб и успеал да и ја одземе чантата по што се дал во бегство.

 Се очекува во текот на денешниот ден СВР Охрид  да го реализира овој случај со поднесување на соодветна пријава.

OhridNews