Во изминативе денови од страна на, засега непознати сторители, ограбени се неколку објекти во охридската чаршија.
Последните грабежи се случиле викендов, кога во трговскиот центар Амам, насилно се обиени два објекти, од кои се украдени предмети со поголема вредност. Од снимките од околните видео надзори, може да се види дека станува збор за две помлади лица кои со бекатон плочки ги кршат стаклата од објектите, по што влегуваат и одземаат предмети.
Неофицијално, во изминатиот период ограбени се уште неколку дуќани во чаршијата и џамија.
Од СВР Охрид велат дека интензивно се работи на случаите со цел да се откријат извршителите на кражбите.
OhridNews