Засега непознати сторители, извршија кривично дело „Тешка кражба„ во две цркви во Струшките села Буринец и Селце.

Во периодот од 13-ти до 27-ми овој месец, непознатите сторители, насилно влегле во црквата  „Св. Пречиста„ во селото Буринец како  и во црквата „Св.Никола„ во Селце, против-правно одземајки неколку икони.


Сторителите на овој вандалски чин, со подесен алат како и со употреба на физичка сила, обивајки ја влезната врата од јужната страна, насилно   влегле во двете цркви, по што од внатрешноста ги одзеле иконите.

На местото на извршените кривични дела, извршен е криминалистичко-технички увид. Полициската станица од Струга, презема мерки за откривање на сторителите на двете кривични дела.

“извор МВР“
Ohridnews