Денес, во 5.40 часот, во струшката Полициска станица било пријавено дека во казино лоцирано во центарот на Струга, непознато маскирано лице со закана со пиштол од вработените одзело околу 600.000 денари.
По одземањето на парите лицето го напуштило местотото на настанот.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
OhridNews












